Зидан за враќањето на Роналдо во Реал: Добро му е во Јувентус…

Кристијано Роналдо на крајот од сезоната би можел да се врати во Реал Мадрид. Пред три години Португалецот се пресели во Јувентус за 100 милиони евра како овој клуб конечно би ја освоил Лигата на шампионите, но тоа се уште не може да им го донесе на Италијанците.

По неодамнешното испаѓање на Јувентус од Порто во осминафиналето од ЛШ најголеми критики беа упатени токму кон Роналдо. Па, во текот на вчерашниот ден се појави приказната за негово враќање во Реал, затоа што Јувентус сака ова лето да заработи нешто од негова продажба, како за една години не би заминал без отштета.

Околу можното враќање на Роналдо во Реал Мадрид на вчерашната прес-конференција зборуваше и Зинедин Зидан.

„Сите знаете колку Роналдо значи за Реал Мадрид и што се не направи за овој клуб. Сепак, тој е фудбалер на Јувентус и таму му оди навистина добро. Не можам ништо да кажам на таа тема и мораме тоа да го почитуваме“ – истакна тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...