Никлас Зиле имаше и повеќе од успешна кариера како член на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но одличниот дефанзивец беше приморан да се збогува од фудбалот на 30-годишна возраст поради проблеми со пворедите.
Токму затоа, изненадувачки делува денешната информација дека Зиле му се враќа на фудбалот, но не на оној професионалниот туку планира да игра аматерски, во деветтата лига на Германија. Тој потпишал договор со тимот Тифенбах, не криејќи ја возбудата што ќе му се исполни големата желба – да игра фудбал со пријателите од детството.
„Од срце се радувам што ќе можам да го доживеам фудбалот и од една сосема поинаква перспектива, како чиста игра со љубов и страст, а не како бизнис и пари. Како се случи? Моите двајца најдобри пријатели играат за Тифенбах, едниот дури е и тренер. По 13 години во професионалниот фудбал, овој потпис е дар од Бога за мене, да го делам теренот со другарите од детството и да уживам во целост во овој спорт“, истакна Зиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
