Зинченко: Мораме да освоиме три бода против Македонија

Како и Македонија исто така и Украина со пораз го стартуваше Европскиот шампионат, откако синоќа загуби од Холандија со 3-2.

Најголемата ѕвезда на Украинците, Олександр Зинченко вели дека по поразот од Холанѓаните мора да освојат три бода против Македонија.

„Направивме многу грешки и тоа не чинеше пораз од Холандија. Сепак, одиме понатаму. Мора да почнеме со следниот меч. Сите знаат дека доколку сакаме да ја поминеме групата мора да освоиме три бода против Македонија, па дури тогаш може да зборуваме за Австрија“, изјави Зинченко. 

Натпреварот меѓу Украина и Македонија ќе се игра в четврток на 17. јуни на Националната арена во Букурешт.

Се вчитува...