Зинедин Зидан во самоизолација, „кралевите“ без тренерот во Памплона

Зинедин Зидан се наоѓа во самоизолација откако бил во контакт со лице кое во последните 24 часа добил позитивен тест на Covid-19. Францускиот стручњак утрово пристигнал прв во тренинг-комплексот „Валдебебас“, каде заедно со остатокот од тимот му бил извршен тест за коронавирус, по што тој се вратил во својот дом, каде останува изолиран.

Шпанските медиуми информираат дека врз Зизу бил извршен брз тест, кој дал негативен резултат, но трофејниот стратег ќе мора да го почека резултатот од ПЦР тестирањето за да добие зелено светло да се врати на работните обврски.

Доколку тестот е негативен, Зидан ќе мора да го пропушти гостувањето на Реал Мадрид против Осасуна во Памплона, а потоа и дуелот од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао закажан за 14 јануари.

Се вчитува...