Златан е вечен – Беа големи ривали со Малдини, а сега тренира заедно со син му

Златан Ибрахимовиќ покажува дека е како вино. И во 39-година од животот игра неверојатен фудбал, а сезонава го води Милан до врвот во италијанската Серија А.

Колку е долговечен Златан и колку е неверојатен покажува фактот што во првиот мандат поминат во Серија А кога ги бранеше боите на Јувентус и Интер тој беше голем ривал со Паоло Малдини со кој многу пати играа неверојатни натпревари. Сега тренира заедно со неговиот син Даниел кој со 19 години е дел од „росонерите“.

 

Се вчитува...