Златан го победи коронавирусот!

Златан Ибрахимовиќ го победи коронавирусот. Шведскиот интернационалец ја потврди оваа информација на социјалните мрежи. Ибрахимовиќ доби позитивен тест на корона на 24. септември и оттогаш беше во самоизолација.

Тој денеска доби негативен тест што значи дека веќе од утре може да се врати на тренинзи. Ова е одлична вест за тренерот на Милан, Стефано Пиоли бидејќи ќе може да смета на лидерот на тимот за дербито против Интер.

За разлика од Милан, Интер се соочува со големи проблеми бидејќи петорица фудбалери се позитивни на Ковид-19.

 

 

Се вчитува...