Златан Ибрахимовиќ со солзи се простил од своите соиграчи – Неделниот натпревар ќе биде последен на „Сан Сиро“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (40) на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата. Напаѓачот на Милан најверојатно го игра последниот натпревар во недела против Аталанта на Сан Сиро, а оваа информација ја објавија многу добро информирани новинари во Италија блиски до Росонерите.

отенцијалното повлекување веќе го најавија угледни фигури на „чизмата“ како Пепе Ди Стефано, Антонио Витиело, но пишуваа и „Скај Италија“ и останатите медиуми. Подетална анализа за ситуацијата направи Ди Стефано, кој всушност е и близок пријател со Ибра.

„Златан веројатно ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната. Добив информации од еден играч на Милан дека на последниот тренинг плачел од болки, но игра со анестезија, иако Пиоли и докторите му забрануваат. Тој е спремен да игра само 5-10 минути, но сака да е тука и да го освои скудетото. Ибра не тренира со тимот до петок, туку индивидуално, коленото го мачи навистина многу. Иако сака последен обид во ЛШ, Златан 90% ја завршува кариерата. Коленото му отекува и го спречува да трча, операција би одземала долго време. Мислам дека ако ја освои титулата со Милан, тоа е тоа“, напиша Ди Стефано.

Сезонава на 22 натпревари во Серија А, Ибрахимовиќ постигна осум погодоци и запиша три асистенции, за вкупно 988 минути на теренот. Доколку навистина реши дека е време за крај, в недела на распродадениот „Сан Сиро“ ќе добие спектакуларно испраќање од 80.000 фанови.

Се вчитува...