Златан Ибрахимовиќ стана најстариот играч во квалификациите за ЕП

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ стана најстариот играч во историјата на евроквалификациите. Напаѓачот вчера со 41 година и 172 дена, влезе во игра во 73. минута од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 одигран синоќа против Белгија, кој неговата селекција го загуби со 0-3.

Пред Ибрахимовиќ, рекордот го држеше легендарниот италијански голман Дино Ѕоф, кој играше против Шведска на 41 година и 3 месеци.

Ибрахимовиќ има 122 меча за Шведска, и постигнати 62 гола. Иако некое време се откажа од играње во националниот тим, сепак, се врати и сега одново е во составот на Швеѓаните.

Се вчитува...