Легендарниот италијански фудбалер Кристијан Виери, верува дека Златан Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за миланското дерби. Во сабота ќе се сретнат двата лути ривали Интер и Милан. Шведскиот интернационалец неодамна беше позитивен на коронавирус, но би требало да биде подготвен за мечот против „нероаѕурите“.
„Никој го нема неговото искуство. Исто така ниту неговата техника, визија, способност за постигнување голови, асистирање, мотивирање на соиграчите. Тој на сите им го подигнува квалитетот. Дали ќе биде подготвен и ќе игра? Ви се молам дербито ќе го игра со цигара во уста, верувајте ми“, изјави Виери.
Дербито меѓу Интер и Милан е закажано за во сабота со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА