Златан ја објасни бруталната фотографија по победата над Интер: „Јас сум тој лав…“ (ФОТО)

Милан триумфираше во дербито „Дела Мадонина“ против Интер со 1-2 благодарение на двата погодоци на Златан Ибрахимовиќ.

Победата во големата дерби-пресметка Ибрахимовиќ ја прослави со брутална фотографија на социјалните мрежи, компарирајќи се со лав облеан со крвта на својата жртва… Швеѓанецот по дуелот објасни зошто прославил со таа фотографија притоа откривајќи дека истата требало да биде објавена многу порано.

„Јас сум како тој лав. Сакав да ја објавам таа фотографија после претходното миланско дерби. Ќе беше одлично тоа да го направев по првото полувреме, но не и по крајот на мечот тогаш, хахаха. Но, ја сочував фотографија до првата следна прилика. Сета таа дојде“ – напиша Ибрахимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

Fame

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

А, на претходното дерби кое се играше во февруари, Милан на полувремето имаше водство од 2-0 со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ. Но, во вториот дел Интер дојде до целосен пресврт и победа од 2-4.

Се вчитува...