Златан не може на СП поради правило на ФИФА

Златан Ибрахимовиќ неодамна изјави дека би можел да игра за Шведска на СП 2018 во Русија, доколку посака такво нешто. Големиот ас ги пропушти квалификациите, но добро одмори во паузата поради повредата на коленото и сега би можел да се врати и во репрезентацијата.

Самобендисаноста на Ибракадабра и поткопувањето на авторитетот на селекторот, кој впрочем ќе го врши изборот на фудбалери за СП 2018, сепак најверојатно нема да биде доволна за Златан да се појави во Русија, и тоа поради прекршување на едно важно правило на ФИФА. Имено, новите правила на светската куќа на фудбалот децидно забрануваат учество на мундијалите на лица поврзани со обложувачки компании. А Златан Ибрахимовиќ токму минатиот месец стана официјален амбасадор на една обложувачка куќа.

„Цела кариера ме следеа вакви компании и секогаш ги одбивав. Сепак, ова е поинакво, оваа обложувалница ја формираа луѓе од мојот роден град и сакам да им помогнам“  – порача Ибрахимовиќ.

Се вчитува...