Златан полуде: Кој заработува на мене без дозвола?

Златан Ибрахимовиќ отвори фронт со „EA Sports”, компанијата што е производител на светски популарната видео-игра ФИФА. На асот на Милан дефинитивно му пречи што се појавува во ФИФА без притоа од него да биде побарана дозвола за користење на ликот на Ибракадабра.

„Кој дал дозвола на ФИФА ЕА Спортс да ги користи моето име и моето лице. ФИФ Про? Не сум свесен дека сум член на ФИФ Про, а доколку навистина сум, тогаш сум ставен таму со некој чуден маневар без воопшто да сум свесен. Сигурно не сум им дал никаква дозвола на ФИФА или на ФИФ Про да прават пари користејќи ме. Некој заработува на мене без никаква дозвола сите овие години. Време е за истрага“, напиша Ибрахимовиќ на своите профили на социјалните мрежи.

Шведскиот ас постигна два гола на дербито со Наполи, но во финишот заработи повреда. Денешните прегледи покажаа истегнување на мускулни влакна, поради што Ибракадабра го очекува пауза од најмалку две седмици од фудбалските терени.

Се вчитува...