Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа славеа против Ванкувер со 3-0 во МЛС лигата, а повторно на сцена блескаше Златан Ибрахимовиќ со два гола.
Ибрахимовиќ првиот гол го постигна од пенал уште во 4. минута, но вистинското шоу го приреди кон средината на второто полувреме… Со одлична финта исфрли еден противнички фудбалер, а потоа од врвот на казнениот простор „закуца“ во мрежата на Ванкувер…
ЛА Галакси во моментов е на седмото место со 44 бода, се уште едно место под позициите кои водат во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА