Златан решил дека сака да остане во Милан

Златан ибрахимовиќ сака да остане во Милан и неговиот агент, Мино Раиола веќе ги почнал преговорите за продолжување на соработката со италијанскиот гигант. 39-годишниот Швеѓанец потпиша едногодишен договор минатото лето и по фантастичниот старт на оваа сезона, Ибра решил дека сака да остане во Милано. Очекувањата беа дека Златан нема да носи одлука до следната пролет, но сепак веќе сега е подготвен да потпише договр.

Швеѓанецот отсуствуваше од тимот на Милан затоа што беше позитивен на COVID-19, но се врати на одличен начин во дербито против Интер. Постигна два гола и ја водеше екипата до победата од 2-1. Откако дојде Ибрахимовиќ минатата зима, Милан имаше одличена втора половина од минатата сезона, а добрите изданија продолжуваат и на почетокот на актуелното првенство. Со четири победи од четири натптревари е на врвот од табелата.

 

Се вчитува...