Златевски: Ова е лекција за подобро утре

Десеткратниот освојувач на Купот на Македонија, Работнички овогодишното издание на престижното натпреварување го заврши во четвртфиналето откако претрпе пораз од Феникс 2010 со 49-74. „Црвено-белите“ одиграа добро прво полувреме, но потфрлија во второто во кое не успеаја да се изборат против агресивната одбрана на дебитантот.

По натпреварот кошаркарот на Работнички, Виктор Златевски не го криеше разочарувањето од поразот, но вели дека истиот е поука за продолжението од сезоната.

„Ова е лекција за подобро утре. Работнички се наоѓа во тешка ситуација, но се надевам дека ќе се смени и ќе оди на подобро. Донесовме две засилувања кои не успеавме да ги регистрираме за Купот, па верувам дека ќе ги имаме во следниот меч од првенството. Веројатно можевме да одиграме подобро денеска, но одлучи искуството кое секако е на нивна страна“, изјави Златевски.

Се вчитува...