‘Златна копачка’ на СП не е мала работа…

Наградата „Златна копачка“ на СП можеби не добива толку на тежина како „златната топка“, но со оглед на фактот дека мундијалите се одржуваат на секои четири години, јасно е дека ова признание е многу драгоцено и засекогаш обезбедува место во фудбалската историја. На листата најдобри стрелци на светските шампионати ги нема Пеле или Марадона, но затоа присутни се голем број фудбалски мегатвезди низ историјата, како Роналдо, Линекер, Еузебио, Герд Милер, Кочиш, Леонидас…

Пред четири години, на Светското првенство во Бразил, признанието го доби Хамес Родригез од Колумбија, со шест постигнати гола.

Пред осум години во Јужна Африка наградата заврши кај четири фудбалери, Милер, Снајдер, Вилја и Форлан.

Гледано низ историјата, најимпресивно делува настапот на Жист Фонтен, кој настапил на еден единствен мундијал, оној во 1958 година и постигнал неверојатни 13 гола. По него, до двоцифрен ефект стигнал единствено Герд Милер во 1970 година, па интересно ќе биде да се види некој конечно ќе стигне, или барем ќе се приближи до така импресивна бројка.

Предуслови има, во Русија ќе бидат присутни мегаѕвезди како Нејмар, Меси, Роналдо, Суарез… играчи што ниту еднаш досега во своите кариери не стигнале до „златната копачка на СП“.

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ НА ДОСЕГАШНИТЕ СП

2014 – Хамес Родригез (Колумбија) – 6 гола

2010 – Томас Милер (Германија), Весли Снајдер (Холандија), Давид Вилја (Шпанија), Диего Форлан (Уругвај) – 5 гола

2006 – Мирослав Клосе (Германија) – 5 гола

2002 – Роналдо (Бразил) – 8 гола

1998 – Давор Шукер (Хрватска) – 6 гола

1994 – Христо Стоичков (Бугарија), Олег Саленко (Русија) – 6 гола

1990 – Салваторе Скилачи (Италија) – 6 гола

1986 – Гери Линекер (Англија) – 6 гола

1982 – Паоло Роси (Италија) – 6 гола

1978 – Марио Кемпес (Аргентина) – 6 гола

1974 – Грегорш Лато (Полска) – 7 гола

1970 – Герд Милер (Германија) – 10 гола

1966 – Еузебио (Португалија) – 9 гола

1962 – Гаринча, Вава (Бразил), Јерковиќ (Југославија), Иванов (СССР), Санчез (Чиле), Алберт (Унгарија) – 4 гола

1958 – Жист Фонтен (Франција) – 13 гола

1954 – Шандор Кочиш (Унгарија) – 11 гола

1950 – Адемир (Бразил) – 9 гола

1938 – Леонидас (Бразил) – 7 гола

1934 – Олдрих Неједли (Чехословачка) – 5 гола

1930 – Гилјермо Стабиле (Аргентина) – 8 гола

Се вчитува...