Златна топка: Бензема одговори на комплиментите од Лео Меси

Карим Бензема, херојот на Реал Мадрид кој го предводеше својот тим до трофеите во Ла Лига и Лигата на Шампионите е фаворит број еден за освојување на Златната топка. Зад Французинот е неверојатна сезона проследена со 50 постигнати голови за Реал Мадрид и француската репрезентација, а тоа беше повод да добие пофалби и од Лео Меси.

Аргентинецот неодамна изјави дека за него нема друг кандидат за освојувач на престижната награда, а сега Бензема на пофалбата одговори дека истата му носи и дополнителна мотивација.

„Зборовите на Меси ме мотивираат да работам уште повеќе. Среќен сум што овие пофалби доаѓаат од играч каков што е Меси“, изјави Бензема.

Карим Бензема долго време беше во сенката на Кристијано Роналдо, но оваа сезона докажа дека може да биде вистински лидер.

Се вчитува...