„Златните ракометни девојки“ на семинар во Виена со Лечиќ, Алтхаус, Грос…

Македонските млади ракометарки Ива Младеновска, Теодора Дукоска и Марија Јованоска кои беа дел од идеалниот тим на ЕХФ шампионатот до 17 години се на семинар на Европската ракометна федерација во Виена.

Дел од семинарот се едни од најдобрите ракометарки на сите времиња Андреа Лекиќ, Јелена Грубишиќ, Ања Алтхаус и Ана Грос. На семинарот се разговара на теми како што се анти-допинг, социјални мрежи, тренинзи, но ќе има и интервјуа.

За потсетување женската репрезентација на Македонија го освои ЕХФ шампионатот до 17 години кој летово се одржуваше во Литванија, а 14 годишната Ива Младеновска беше избрана за најкорисна ракометарка на првенството.

Се вчитува...