Знаете ли со кој клуб тренира Марио Балотели?

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели кој во моментов е слободен фудбалер, тренира со екипата на Франчиакорта која се натпреварува во Серија Д. На 30-годишникот во јули му истече договорот со Бреша во која што не се прослави и поголемиот дел од времето беше во конфликт со раководството.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот напаѓач е во пријателски односи со еден од сопствениците на клубот и дека тоа е главната причина за неговиот повик во тимот кој се натпреварува во четвртата по ранг лига во Италија.

Клубот се наоѓа на само неколку километри од родниот град на Марио, Бреша а претходно италијанските медиуми пренесоа дека францускиот прволигаш Нант е заинтересиран за неговите услуги.

Се вчитува...