ЗОИ: Потврдени 34 нови случаи на Ковид-19

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг се зголеми за 34 во однос на последното тестирање и сега вкупниот број изнесува вкупно 139 случаи, потврдија огранизаторите на Игрите.

Од последните случаи, 13 се спортисти или членови на екипи, а останатите 11 се позитвивни членови во нациоанлните олимписки комитети.

Зимските олимписки игри ќе поминат со строги правила како заштита од коронавирусот со тоа што секоја група на учесници која ќе стигне во Кина ќе биде пособено одвоена од секоја останата група. Притоа секој член кој се наоѓа во олимпискиот „балон“, секој ден ќе се тестира за вирсуот, а оние кои ќе добијат позитивен текст изолацијата ќе ја поминат во хотелот пред да добијат два негативни теста во рок од 24 часа.

Македонија на ЗОИ ќе ја претставуваат: Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари),  Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари), Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Се вчитува...