Зоран Кастратовиќ е нов селектор на Саудиска Арабија

Зоран Кастратовиќ е именуван за нов селектор на селекцијата на Саудиска Арабија.

Кастратовиќ кој изминава сезона во оваа земја го водеше тимот на Ал Мудар, со кого стигна до вицешампионската титула, сега ќе ја преземе селекторската функција.

Саудиска Арабија последните неколки години силно вложува во развојот на овој спорт, со желба за што поголем ангажман на тренери и ракометари од Европа.

57-годишниот Кастратовиќ е поранешен селектор на Црна Гора а ја водеше и македонската женска ракометна репрезентација. Претходно во кариерата работеше во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, а исто така ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел Џаиш.

Се вчитува...