Зоран Штерјовски на клупата на штипска Брегалница

Зоран Штерјовски во иднина ќе го предводи тимот на Брегалница, е одлуката на раководството на штипјани по оставката на Емил Грнев.

Штерјовски од денеска треба да го преземе раководењето на штипјани, во обидот за влез на тимот во прволигашкото друштво.

Штерјовски претходно беше тренер на Победа, Пелистер, Силекс како и Агротикос во Грција, а беше дел од стручните штабови на Локомотив Пловдив во Бугарија и кинескиот Кингдао.

Се вчитува...