Зошто Бајиќ не доби виза: Селекторот на Македонија „по грешка заменет“ со петкратен убиец од Србија

Актуелниот селектор на Македонија, Драган Бајиќ, не доби виза за влез во Косово, од каде требаше да лета со остатокот на нашиот национален тим преку Истанбул до Тбилиси, Грузија.

Српските медиуми кренаа прав околу овој случај, за во меѓувреме да биде обелоденето и зошто кошаркарскиот стручњак не можел да влезе во Косово. Според добиените информации, станува збор за грешка на косовските власти, кои по грешка го замениле кошаркарскиот тренер Драган Бајиќ со повеќекратниот убиец од Србија, со истото име и презиме како и нашиот селектор.

Имено, криминалецот Драган Бајиќ e обвинет за бројни грабежи и убиство на пет луѓе во Будимпешта, потоа побегнал од државата и утврдени му се 16 лажни имиња што ги користел во изминатите години.

На крајот, Бајиќ поради коронавирус воопшто не патуваше со остатокот од македонската експедиција за Грузија, каде националниот тим ќе биде предводен од Алек Јончевски.

Се вчитува...