Лука Модриќ ја одложи својата фудбалска пензија за уште една година, откако по најавите за повлекување на крајот од минатата сезона хрватскиот генијалец го промени првичниот план, па реши да игра уште една година.
Модриќ во последното интервју се осврна на случувањата на изминатите месеци, не криејќи дека управата на Милан со својот однос дала значаен придонес за тој да продолжи да настапува на терените ширум Италија.
„Минатата сезона заврши разочарувачки за нас, но тоа само ми ја зголеми желбата да се вратам. Сепак, не сакав да донесам конечна одлука пред СП бидејќи мундијалот ми беше добар тест да увидам некои работи, дали се уште имам доволно страст, но и доволно енергија да играм на највисоко ниво. Искрено, најмногу ми значеше односот на луѓето во Милан, кои во последните месеци беа во постојан контакт. Почнуваат нов проект од почеток и инсистираа јас да бидам дел од него. Тоа направи да се чувствувам ценето, зборував со семејството и решивме да останеме уште една година. Целите за новата сезона? Јас секоја година имам исти цели – да се борам за трофеи, тоа нема да се промени“, порача Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
