Бразил по вторпат во својата историја е елиминиран во осминафиналето од еден мундијал, а многу работи вечерва против Норвешка ќе беа поинакви ако „кариоките“ го реализираа пеналот што им беше досуден во раната фаза од мечот.
Сите очекуваа Винисиус да преземе одговорност, но останаа шокирани кога Вини му ја остави топката на Бруно Гимараеш, по одлука на селекторот Карло Анчелоти.
Бруно не успеа да го совлада Ниланд, по што натпреварот доби сосема поинаков тек, а Бразил на крајот го загуби осминафиналето, по што веднаш почнаа коментарите до селекторот, обвинувајќи го за лоша проценка при изборот на пенал-мајстори во меч од нокаут фазата од најголемото натпреварување.
За мизеријата да е уште поголема, ова беше прв промашен пенал на Бразил на светските првенства (не се бројат пенал-рулетите) во последните 40 години, откако Зико не беше прецизен на СП 1986 против Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
