Иако според многу извори обложувањето на фудбал е започнато речиси истовремено со појавата на овој спорт, во последниве две децении сме сведоци на драстично зголемување на популарноста на оваа активност. Секој од нас има барем неколку пријатели или познаници кои редовно се кладат на дерби натпревари, но и такви кои сакаат да стават облог на релативено непознати клубови и натпреварувања. Дополнително, во последно време, многумина се решаваат да се кладат на фудбал од време на време иако не го следат овој спорт толку редовно.
Доколку се прашувате зошто обложувањето на фудбал е толку популарно во денешно време, треба да знаете дека постојат повеќе причини во позадината на оваа интересна појава. Во овој текст ќе анализираме некои од најважните меѓу нив.
Фудбалот е најпопуларен спорт
Според некои статистики, фудбалот има повеќе од 3.5 милијарди симпатизери во повеќе од 200 земји околу светот. Тоа го прави далеку попопуларен од сите останати спортови. За популарноста на фудбалот зборува и фактот дека има преку 130.000 професионални фудбалери кои настапуваат во преку 200 лиги.
Ако на ова го додадеме фактот дека сите овие бројки постојано растат, не е воопшто чудно зошто обложувањето токму на овој спорт е толку популарно денес.
Достапност
Како што споменавме, обложувањето на фудбал е старо речиси колку и оваа активност во професионална смисла. Во Македонија, како и низ светот, со децении постојат обложувалници каде може да уплатите тикети.
Сепак, пробивањето на интернет технологијата ја направи оваа активност уште подостапна до обичниот човек. Сега повеќе нема потреба да ја барате најблиската кладилница за да уплатите тикет. Исто така не зависите од периодот на денот кога може да се кладите.
Онлајн обложувалниците се достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата придонесувајќи за зголемување на популарноста на овој вид на забава. Повеќе не мора да се грижите дали ќе стигнете до обложувалницата пред да почне натпреварот бидејќи истата ви е достапна на екранот на вашиот компјутер или мобилен уред. Со други зборови, може да уплаќате кога сакате и каде сакате.
Полесен пристап до информации
Времињата кога моравте да ги следите натпреварите во живо без можност да гледате реприза или да се информирате за истите преку весник или телевизија се минато. Сите знаеме дека успехот во оваа активност зависи од информираноста на обложувачот.
Шансите да го погодите исходот на еден фудбалски натпревар се намалуваат доколку не ја знаете силата на тимовите, предностите на конкретни играчи и состави, историјата помеѓу тимовите и така натаму.
Со помош на интернетот, овие информации ги добивате за неколку секунди. Дополнително, постојат специјализирани интернет страници фокусирани кон оваа форма на забава. Станува збор за сајтови кои анализираат натпревари, објавуваат најнови вести за формата и можните повреди на некои фудбалери, потсетуваат за историјата во специфични дуели и тн. Уште една одлична работа која може да ја споменеме во овој контекст се сајтовите како https://onlinecasinomk.com/ кои споделуваат објективни рецензии за најдобрите казина и обложувалници достапни на играчите во Македонија и светот.
Со поголемата достапност на информации, обложувањето на фудбал станува полесно а со тоа и повеќе популарно.
Бројни бонуси и промоции
Уште една од низата причини зошто се повеќе луѓе избираат да се кладат на фудбал е можноста да користат привлечни бонуси и промоции. Се разбира, повторно зборуваме за онлајн обложување бидејќи иако физичките кладилници во вашето место може да ветат награди за своите играчи, тие промоции се неспоредливи со оние на нивните онлајн конкуренти.
Најдобрите обложувалници кои може да ги најдете на интернет вообичаено имаат бонус за добредојде за секој нов член кој ќе ја изврши првата уплата. Се работи за бонуси кои ја зголемуваат почетната уплата за 50%, 100% или повеќе проценти до одредена сума.
За да ги задржат играчите, овие интернет обложувалници создаваат промоции и бонуси достапни и на постојните играчи. Во повеќе случаи, станува збор за понуди кои функционираат слично на бонусот за добредојде односно ветување за бонус средства базирани на вашиот нов депозит/уплата. Секако, иновативноста на онлајн кладилниците не сопира тука, па така неретко ќе добиете бесплатни облози на важни натпревари, поврат на загубени средства и други атрактивни работи.
Можност за социјализирање
Иако овој аспект на обложувањето често се игнорира, вистината е дека оваа активност, доколку се применува одговорно, може да влијае позитивно на социјалниот живот на секој човек.
Како што спомнавме погоре, фудбалот има армија на навивачи ширум светот, а Македонија не е исклучок. Поважните фудбалски натпревари во најсилните европски лиги како Серија А, Премиер Лигата или шпанска Ла Лига се гледаат во речиси секој дом и угостителски објект. Истото се случува и за време на настапите на македонската фудбалска репрезентација.
Кога толку луѓе следат ист настан и притоа се обложуваат на исходот, тоа е одлична причина за почеток на разговор не само меѓу пријателите туку и меѓу непознати. Кој натпревар бил кобен, кој фудбалер донел среќа и дали судијата го уништил тикетот се само некои од темите за дискусии кои често траат со часови.
Обложувањето на фудбал придонесува за зголемување на забавата и возбудата пред, за време и по натпреварот. Дури и помалку значајните натпревари може да станат интересни кога имате макар минимална уплата на нивниот исход. Се разбира, за да уживате целосно, и социјализирањето да остане во пријатно сеќавање, секогаш треба да се обложувате одговорно. Последното значи дека на кладењето не треба да се гледа како на извор на заработка туку извор на забава.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА