Трагедија во Германија: Пред почеток на меч почина навивач на Брауншвајг

Натпреварот од третото коло на втората германска лига (Цвајте) меѓу Ајнтрахт Брауншвајг и Динамо Дрезден беше целосно засетен од голема трагедија. Како што пренесоа германските медиуми, непосредно пред почетокот на натпреварот, „на трибините на стадионот се случи сериозен здравствен инцидент со фатален исход“.

И покрај брзата реакција на лекарите, итната интервенција и обидите за реанимација на самото место, 52-годишниот навивач на Ајнтрахт за жал починал на пат кон болницата.

Клубот издаде официјално соопштение и упати длабоко сочувство до семејството и блиските на починатиот страстен навивач:

„Нашите мисли и нашето најдлабоко сочувство се со неговото семејство и блиските. Во вакви моменти, фудбалот паѓа во втор план. Им благодариме на сите навивачи на стадионот кои реагираа со разбирање и сочувство.“

Натпреварот во Брауншвајг заврши без победник 2-2.

Се вчитува...