Зошто „полуде“ Арнаутовиќ… Со Џани имаат долго време нерасчистени сметки!? (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Непотребно со нервоза заврши вечерашниот натпревар меѓу Австрија и Македонија на националната арена во Букурешт, која ја предизвика напаѓачот на Австријците, Марко Арнаутовиќ.

По третиот гол на Австрија, Арнаутовиќ се впушти со пцовки кој Езгијан Алиоски.

„Је.. сам ти мајку“ – можеше да се прочита од устата на Арнаутовиќ, а како што пренесуваат англиските медиуми наводно сето тоа било упатено кон Езгијан Алиоски, па токму поради тоа и беше конфликтот по крајот на мечот.

Наводно, Арнаутовиќ и Алиоски имале несогласувања уште од Англија, од времето кога Австриецот со српски корени играше за Стоук и Вест Хем, до пред една година. Џани, пак, од 2017 е член на Лидс.

На крајот, сепак, соиграчите успеаја да го смират Арнаутовиќ кој апсолутно непотребно „полуде“..

Се вчитува...