Зошто поранешната сопруга на Џордан не се појавува во „Последниот танц“?

Документарниот филм посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан, „Последниот танц“ ги урива сите рекорди на гледаност во Соединетите Американски Држави. Викендов ќе бидат прикажани последните две епизоди, со кои ќе се заокружи циклусот од десет продолженија посветени на генерацијата која доминираше во 90-тите години на минатиот век.

Сепак, фановите на Џордан се прашуваат зошто во серијалот ја нема поранешната сопруга на „Ем џеј“, која најдобро го познава легендарниот кошаркар. Тој со Хуанита Ваној беше во брак 17 години. Според многумина таа беше личноста која успеа да го држи Џордан цврсто на земја и да не дозволи тој да тргне по лоши патишта. Некои велат дека таа била „мудриот буф“ на рамото на Мајкл која секогаш го насочувала на прав пат и го спречувало да го покаже најлошото лице.

Американските медиуми пренесуваат дека таа не е дел од документарецот, како би го заштитила Мајкл бидејќи знае детали од неговиот живот подобро од сите луѓе на светот, кои што ниту таа ниту Џордан не сакаат да се прошират во јавноста. Други извори велат дека по нивниот развод потпишана е клаузула за доверливост, со која таа добила 168 милиони, во замена за криење на сите информации кои ја врзуваат со „Ем џеј“.

Од друга страна режисерот на документарецот, Џејсон Хајер вели дека не го интересираат изјавите на нивните сопруги, туку дека сака да се насочи само кон кошаркарите.

 

Се вчитува...