Струга беше домаќин на еден прекрасен спортски настан што ги оправда очекувањата, но неполна седмица по Струшкиот ракометен турнир, вандали се појавија и со политички пораки го осипаа влезот на игралиштето кој е заштитен знак на спортот во овој македонски град.
Разочарани од случката, челниците на клубот јавно побараа од одговорните институции да ги најдат виновниците и истите да бидат соодветно казнети.
„Моментот кога, после одржување на еден традиционален, меѓународен ракометен турнир, на местото каде што сите сме едно, каде некои луѓе се грижат и секојдневно се борат со предизвиците за ова место да изгледа се подобро, каде повторно ќе се раѓаат млади талентирани ракометари и ракометарки, денес на некој тоа му беше трн во око и си дозволи полека да го уништува нашиот труд. Ве молиме во иднина пред било што да направите, размислете, Струга е препознатлива по ова ракометно игралиште, ова место е Ваше и на сите стружани. Дозволете ни да продолжиме кон патот на успехот, ја вративме Струга во Супер Лига. Зарем на некој тоа му смета ? Ние не сме политичка партија. Ние сме спортски клуб ,Ваш, на сите Стружани!!! Ги молиме надлежните институции да го расветлат, за нас овој немил настан“ – напиша управата на Струга на официјалната страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА