Зрињски постигна гол во 89. минута, а коментаторот го украде шоуто и стана хит на Балканот (ВИДЕО)

Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски Мостар е на добар пат да избори место во групната фаза од Конференциската лига откако во првиот натпревар од плеј-офот против Слован Братислава има предност од 1-0.

До истата фудбалерите на мостарскиот клуб стигнаа во 89. минута кога по нафрлувањето на Марио Ќуже со глава стрелаше Немања Билбија за делириум на стадионот, но и делириум во коментаторската ложа. Прославата на голот од страна на коментаторот набрзо стана хит на Балканот.

Се вчитува...