Зверев до нова лесна победа, Швијонтек подобра од Плишкова

Александар Зверев стигна до третото коло на Вимблдон откако рутински забележа победа од 3-0 во сетови над Французинот Роје. Освојувачот на Ролан Гарос влезе во мечот полн со самодоверба, триумфирајќи со 6-1 во првиот сет, потоа и со 6-3 во вториот. Зверев имаше предност од брејк и во третиот сет, но малиот пад на концентрацијата му дозволи на противникот да се врати и за момент да поведе со 4-5.  Сепак, Зверев експресно се рехабилитираше и третиот сет го доби во тајбрејк со 7-3, за пласман во третото коло.

Американецот Џирон ќе биде следен противник на Зверев, откако овој тенисер славеше со 3-0 во денешниот дуел од второто коло против францускиот квалификант Халис.

Бранителката на трофејот во женска конкуренција, Ига Швијонтек, доминантно славеше над Каролина Плишкова со 6-1, 6-3. Швијонтек се мачеше во првото коло, но денеска се покажа во далеку подобро издание, покажувајќи квалитет и решителност да го одбрани трофејот освоен минатото лето на овој гранслем турнир.

Нејзина следна противничка ќе биде Еала од Чиле, која денеска славеше со 2-1 во сетови над Австралијката Џоинт, која во првото коло ја елиминираше Серена Вилијамс.

Аманда Анисимова, која во првото коло славеше над нашата Лина Ѓорческа, се пласираше во третата рунда откако денеска по голема борба ја совлада Кенин со 2-1 во сетови, и тоа во тајбрејк во решавачкиот сет што Анисимова го доби со 10-3.

Се вчитува...