Александар Зверев ќе игра во 3. коло на Ролан Гарос закажувајќи си дуел со Френсис Тијафо откако во втората рунда натпревари „зверски“ славеше против Словакот Алекс Молчан.
Зверев целата работа си ја заврши за помалку од два часа дозволувајќи му само седум гема на словачкиот тенисер, 6-4, 6-2 и 6-1.
На Молчан не му помогна ниту поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ и своевремено врвен тенисер Маријан Вајда кој сега работи со Словакот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА