Зверев и Тим во големото финале од УС Опен

Александар Зверев и Доминик Тим ќе ги одмерат силите во големото финале на УС Опен откако синоќа славеа во полуфиналните пресметки на турнирот во Њујорк.

Зверев за противник го имаше Карено Буста, а шпанскиот тенисер извонредно го почна мечот поведувајќи со 0-2 во сетови, период во кој Шпанецот имаше само 12 неизнудени грешки, наспроти 36 на својот противник. Сепак, Германецот се разбуди во вистински момент, добивајќи ги следните три сета со 6-4, 6-4, 6-3 и за првпат во кариерата победувајќи меч на кој се нашол во негатива од 0-2 во сетови.

„Го погледнав семафорот и не ми се веруваше. Играв полуфинале на УС Опен, на хартија бев фаворит, а бев очаен на теренот. Сменив неколку работи и за среќа донесоа резултат, па в недела ќе го играм првото финале во кариерата“, изјави Зверев.

Таму го очекува пресметка со Доминик Тим, кој по трите загубени гранслем финалиња се надева дека токму годинава на УС Опен ќе дојде и до првиот трофеј на најголемите турнири во светот на тенисер. Австрискиот тенисер во синоќешното финале за ривал го имаше Данил Медведев, добивајќи го со максимални 3-0 во сетови. Сепак, задачата не беше нималку лесна ако се знае дека вториот и третиот сет Тим ги доби во тајбрејк (9-7 и 7-5).

Се вчитува...