Зверев максимален, Коболи го доби маратонот со Хачанов

Германскиот тенисер Александар Зверев рутински го обезбеди осминафиналето на Вимблдон.

Победникот на Ролан Гарос го елиминираше Американецот Маркос Жирон со 6-2, 7-6 (4), 6-4.

Зверева сега ја очекува пресметката со подобриот од дуелот Лехечка – Мунар.

Малку порано, Флавио Коболи го победи Карен Хачанов по пресврт и четири часа игра. Италијанецот победи со 0-6, 7-6 (4), 6-7 (5), 6-2, 6-2.

Финалистот на Ролан Гарос ги одигра последните два сета одлично и со по два брејка му се одмазди на Русинот за единствениот пораз досега, во Мадрид пред две години.

Негов следен противник ќе биде Алекс де Минор, кој го победи Закари Свида со 3-1 во сетови.

Се вчитува...