Зверев: Не сакам да одам во Њујорк, ако не е безбедно

Германскиот тенисер Александар Зверев изјави дека се уште не донел одлука за тоа дали ќе учествува на годинашното издание на УС опен.

„Ќе видам како ќе се одвива ситуацијата во САД. Моментално не е баш најдобро и не знам што ќе одлучам во договор со мојот тим. Сакам да играм на турнирите, но мислам дека во моментов е смешно да се игра во САД. Во следните неколку недели ќе ја следам ситуацијата во САД. Дали бројот на заразени ќе се зголеми, на кој начин ќе се патува и дали би биле безбедни. Едноставно не сакам да одам ако не се чувствувам безбедно. Се уште сум млад, но сите кои се во контакт со мене се постаи и се во голема опасност“, изјави Зверев. 

Зверев беше дел од „Адриа тур“ кој беше своевиден коронакластер, бидејќи на него се заразија Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Се вчитува...