Зверев: Не шокираше дисквалификацијата на Ноле, но искрено сега на сите ни се отвори шанса за титула

Александар Зверев признa дека дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ отвори шанса за титула на УС опен на младите тенисери. 23-годишниот Зверев се пласираше во полуфиналето откако го совлада Борна Чориќ со 3-1 во сетови.

„Мислам дека сите нас не шокираше веста за Ѓоковиќ. Очигледно е дека сите ние младите тенисери сега гледаме шанса за титула. Искрено, тоа е суровата реалност, Ноле беше прв фаворит, а сега сите имаме шанси за трофеј“, изјави Зверев. 

Зверев во полуфиналето ќе игра против Пабло Карено-Буста кој во пет сета го елиминираше Денис Шаповалов.

Се вчитува...