Зверев: Никогаш нема да кажам ништо лошо за Новак

Германскиот тенисер Александер Зверев ја прокоментира целата ситуација поврзана со Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Австралија.

Германецот вели дека што и да се случи тој никогаш нема да може да каже нешто лошо за најдобриот тенисер во светот.

„Новак некако доби виза и сигурно постои причина поради која не може да се вакцинира. Постојат и петорица други тенисери на кои им е дозволено да влезат како медицински исклучок, но не ги знаеме нивните имиња. Би било добро за тенисот тој да е во Мелбурн, но правила се правила. Никогаш нема да кажам лош збор за Новак во мојот живот, но не знам доволно детали за да можам да го заштитам“, изјави Зверев. 

Се вчитува...