Германскиот тенисер Саша Зверев славеше на почетокот од Отвореното првенство на САД со многу проблеми. Првиот носител го победи Италијанецот Лоренцо Сонега по пресврт – 6-4, 3-6, 6-7 (7), 7-5, 6-4.
Мечот заврши во 02 часот по локално време, по речиси пет часа голема борба. Во четвртиот сет, Саша беше на еден гем од елиминација, но во 11-тиот направи клучен брејк за израмнување.
Драмата го достигна својот врв во решавачкиот сет, при што двајцата пропуштија шанса за брејк на почетокот.
Саша беше поуспешен во петтиот гем и не му дозволи на 89-тиот играч на планетата да му наштети до крајот на мечот.
Негов следен ривал, во четврток, ќе биде Квентан Алис, кој го нокаутира Дијас Акоста со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
