Зверев против домашната сензација во полуфиналето на Вимблдон

Освојувачот на Ролан Гарос, Александер Зверев се пласираше во своето прво полуфинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната Вимблдон, откако денеска со рутински 3-0, по сетови 6-4, 6-4 и 6-2 во четвртфиналето беше подобар од Американецот, Тејлор Фриц.

Германецот уште од самиот старт тргна многу подобро. Го контролираше целиот меч и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека на било каков начин може да се врати во натпреварот.

Во полуфиналето Зверев за противник ќе ја има домашната сензација, 114. тенисер на АТП листата Артур Фери кој исто така со 3-0 (6-4, 7-6 и 6-0) беше подобар од финалистот од Ролан Гарос, Флавио Коболи.

Се вчитува...