Најдобриот тенисер на денешницата, Јаник Синер ја одбрани титулата на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако вечерва на Централниот терен во „Ол ингланд“ клубот славеше над Германецот, Александер Зверев со 3-1, по сетови 6-7, 7-6, 6-3 и 6-4.
Освојувачот на Ролан Гарос, за разлика од претходните дуели со Синер влезе со голема самодоверба во ова финале, а тоа значеше и освојување на првиот сет во кој на крајот одлучи само еден поен во тај-брејкот (9-7).
На крајот се покажа дека вториот сет беше клучен во мечот, Синер возврати со освојување на тај-брејк 7-2. Во третиот сет откако во седмиот гем спаси брејк топка, Италијанацеот веќе во следниот го освои сервисот на противникот па го заокружи третиот сет со 6-3. Во четвртиот сет исто така седмиот гем беше клучен за брејк и на крајот конечна победа од 6-4.
За Синер ова е втора титула на Вимблдон, а вкупно петта гранд-слем во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
