Зверев шокиран на стартот во Монтреал

Неиграњето на Синер, Алкараз и на Ѓоковиќ го направи Александар Зверев голем фаворит за титулата на Мастерс-турнирот во Монтреал, па затоа огромно е разочарувањето кај Германецот откако тој го загуби својот прв меч во канадскиот град.

Зверев за ривал го имаше Талон Грикспор од Холандија, успеа да го добие првиот сет во тајбрејк, но потоа следеше сериозен пад во играта на првиот носител. Холанѓанецот го искористи тоа за да слави со 2-6 во вториот сет, а потоа и со 4-6 во решавачкиот сет, за огромно изненадување на овој Мастерс-турнир.

Претходно, настапот во второто коло го заврши и седмиот носител Тејлор Фриц губејќи од Аргентинецот Тиранте, загуби и Русинот Медведев од Ван де Зандшулп со 0-2 во сетови, додека вториот носител Оже Алијасим во последен момент поради повреда го откажа своето учество на овој турнир.

Се вчитува...