Зверев шокиран во Синсинати

Александар Зверев е елиминиран во осминафиналето во Синсинати откако загуби во пресметката со Американецот Томи Пол со 1–2 во сетови.

Германскиот тенисер допатува како прв носител и главен фаворит за трофејот, беше блиску до победата откако поведе со 1-0 во сетови, а потоа имаше и неискористена меч-топка на свој сервис во тајбрејкот од вториот сет. Зверев потоа имаше и 4-2 во решавачкиот трет сет, но потфрли кога беше најважно. Пол го искористи тоа и со голем пресврт стигна до победата.

Неочекувана елиминација доживеа и вториот носител Оже Алијасим од Канада, кој загуби убедливо од Тиафо со 3-6, 4-6.

Следен противник на Тиафо ќе биде десеттиот носител Лоренцо Мусети, кој беше подобар од Португалецот Фарија со 2-0 во сетови.

Се вчитува...