„Ѕверот“ Јанис го преслуша и Портланд, Њу Орлеанс подобар од Феникс (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки Бакс до нова победа во НБА лигата, овој пат над Портланд Треилблејзерс со 137-129. Минатогодишниот МВП, натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 24 поени, 19 скока и 15 асистенции. Покрај Адетокумбо во победничкиот табор се истакна и Ерик Бледсо кој со 30 поени беше најефикасен кај Милвоки. Кај Портланд Си Џеј Мекалум мечот го заврши со 37 поени, додека повратникот Ентони постигна 18 поени.

Во вториот натпревар од синоќешната понуда Њу Орлеанс нагости го совлада Феникс со 121-124. Инграм со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Редик и Холидај уфрлија по 26. Кај Феникс се истакна Кели Убре со 25 поени.

Се вчитува...