Звезда го претстави новиот тренер: Станковиќ за мене направи многу добри работи

Српскиот фудбалски шампион, Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ ја одржа промоцијата на новиот шеф на стручниот штаб, Милош Милојевиќ. Тој доаѓа на местото на Дејан Станковиќ кој си даде отказ по елиминацијата од Макаби Хаифа во Лигата на шампионите.

Милојевиќ му беше помошник на Станковиќ претходните две години, а за својот поранешен шеф има само зборови на пофалба.

„Би сакал да и се заблагодарам на управата на Звезда што веруваше во мене, а потоа морам да му се заблагодарам и на Дејан Станковиќ кој направи три работи за мене. Прво ми даде шанса, потоа ме разбра кога сакав да се обидам сам, а сега ми го даде својот благослов и добрата група на играчи. Му посакувам се најдобро на личен и професионален план“, беа првите зборови на Милош Милојевиќ.

Се вчитува...