Ѕвездата на Баерн Минхен заврши на операција на срце

Француската ѕвезда во редовите на Баерн Минхен, Кингсли Коман поминал низ операција на срце, откри денеска тренерот на баварците Јулијан Наглсман.

За среќа не се работи за сериозен проблем, впрочем истиот веќе е отстранет и Коман се очекува за брзо да му се врати на фудбалот.

„Кингсли Коман беше на операција. Имаше мали попречувања во срцевиот ритам и од тоа понекогаш остануваше без здив. Поради тоа се одлучиваме да направиме ЕКГ и го откривме проблемот кој можеше брзо да се отстрани. Звучи подраматично отколку што е, но Кингсли е добар и веќе во четврток ќе започне со кардиотренинзите. Нема да му треба повеќе од недела до две да се врати на тренинзите на екипата“, изјави Германецот.

Се вчитува...