Ѕвездата на Бенфика, Жоао Феликс со 19 години се запиша во историјата… (ВИДЕО)

Бенфика славеше со 4-2 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против Ајнтрахт Франкфурт.

Тимот од Лисабон постигна четири погодоци, а блескаше 19-годишниот Жоао Феликс постигнувајќи хет-трик и на тој начин стана најмладиот фудбалер во историјата на европската лига кој постигнал три голови на еден дуел.

Феликс игра извонредна сезона. Во 20 лигашки натпревари за Бенфика има 10 погодоци, а уште пет има во останатите натпреварувања. За него интерес веќе има од Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...