Ѕвездата на Минесота: Денвер го има најдобриот кошаркар на светот

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Денвер успеа да ја изедначи полуфиналната серија во Западната конференција против Минесота на 2-2 со триумф и во вториот натпревар од серијата одигран на гостински терен.

До триумф Нагетс ги предводеше Никола Јокиќ со 35 поени, 7 скокови и 7 асистенции па доби пофалба и од страна на ѕвездата на противникот, Ентони Едвардс.

„Погодија неколку навистина тешки обиди, мислам дека нивната серија пред крајот на втората четвртина навистина му наштети на нашиот тим. Се почна од мојата глупаво загубена топка. Имавме многу шанси за победа, но премногу грешевме. Денвер го има најдобриот играч на светот и топката во секој напад е во неговите раце. Секој пат кога ќе згрешиме, тој тоа го гледа. Тешко е да играте против него“, изјави Едвардс.

Се вчитува...