Големата неизвесност околу настапот на Брил Емболо на Светското првенство во 2026 година конечно заврши.
Напаѓачот на швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего.
Играчотна Монако го пропушти заминувањето на репрезентацијата на почетокот на неделата, бидејќи американските власти одлучија дополнително да ги проверат неговите патни документи непосредно пред патувањето. Додека неговите соиграчи патуваа во Калифорнија за да продолжат со подготовките за Светското првенство, Емболо остана во Швајцарија чекајќи ја конечната одлука.
Добрата вест дојде денеска, кога Швајцарската фудбалска асоцијација потврди дека 29-годишниот напаѓач добил виза и дека ќе патува во Соединетите Држави во петок.
„Тукушто бевме информирани дека Брил Ембол добил виза. Сега може да патува во САД и очекуваме да се приклучи на репрезентацијата“, се вели во соопштението на швајцарската федерација.
Проблемот се појави поради дополнителни проверки спроведени од американските власти во врска со претходни судски постапки против фудбалери. Емболо беше испрашуван во американската амбасада во Берн во средата, каде што властите разгледаа документи поврзани со инцидентот од 2018 година во Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
