Ѕвездите на Манчестер Јунајтед навиваат Солскјер да добие долгорочен ангажман

Под водство на Оле Гунар Солскјер, Манчестер Јунајтед врза пет последовни победи и комплетно го оживеа духот на клубот како и сезоната. Затоа најголемиот дел од првотимците сметаат дека Норвежанецот треба да добие постојан менаџерски ангажман.

Пол Погба и Маркус Рашфорд кои се комплетно поинакви во однос на делот на сезоната кога ги водеше Жозе Мурињо предничат во желбата Солскјер да добие долгорочна шанса. Ваквиот став на играчите се должи пред се на односот кој Солскјер го воспостави со нив, а кој е комплетно поинаков од реалциите што ги имаше Мурињо.

Дел од британските медиуми сепак и натаму тврдат дека менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино останува прв фаворит за преземање на клупата на Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер беше дел од славната генерација на Манчестер Јунајтед, по завршувањето на кариерата почна тренерска кариера, а по заминувањето на Мурињо беше именуван за привремен менџер на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...